Градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со асфалтирањето на патниот правец село Бурилчево во општина Чешиново Облешево до село Аргулица во општина Карбинци. Патот е во должина од 3,5 километри и е дел од регионалниот патен птравец од Виница преку Зрновци, Чешиново Облешево до Карбинци и ќе поврзува осум населени места во четири општини од истокот.
– Патот е од особено значење за жителите на општина Чешиново Облешево. За да стигнат до општина Штип, односно до општина Карбинци тие минуваат пат долг 25 километри. Со изградбата на новата делница од овој регионален патен правец, патот се скратува на 10 километри, со што бенефитот е мошне голем, изјави Костадин Личков ,градоначалник на Чешиново Облешево.
Делницата Бурилчево – Аргулица е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. Вкупната вредност на овој патен правец е 15 милиони денари.
Јавното претпријатие за државни патишта за регионалниот пат Виница, Зрновци, Карбинци досега инвестираше средства во износ од 31 милион денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


