| четврток, 6 декември 2018 |

Почина родилка од Крива Паланка, МВР со првични детали

Родилка од Крива Паланка вчера почина пo породувањето.

Од МВР за „Република“ информират дека вчеравечер во СВР Куманово било пријавено дека истиот ден околу 12 часот во клиничката болница во Куманово била породена 37-годишна трудница од Крива Паланка.

Откако докторите не успеале да ја реанимираат од анестезијата дадена за време на породувањето, таа со возило на Брза помош била пренесена на Ургентниот центар, во одделот на КАРИЛ во Скопје, каде што починала во 15.40 часот.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top