Територијална автономија за унгарската заедница во Србија, бараат неколку унгарски парти и организации во српската покраина Војводина. Новосадски Дневник, во разговорот со челникот на Демократската заедница на војводинските Унгарци (DZIVM), Арон Чонка, вели дека е време е со властите во Србија да се поведе дијалог за формирање унгарска територијална автономија на северот од Војводина.
-Автономијата на Војводина, или она што од тоа остана, е недеволна рамка во која проблемите на војводинските Унгарци би можеле да се решаваат. Војводинската автономија нема механизми да ги заштити националните заедници во мерка во која тоа на ним и е потребно – вели лидерот на партијата на војводинските Унгарци.
Според него нивото на доверба на Унгарците во државата Србија почнало драстично да опаѓа во 1990-те, по чистките во претпријатијата, полицијата и судовите, и по масовната мобилизација „по сите можни фронтови во поранешна Југославија”.
-Таа доверба делумно е повратена. Меѓутоа и натаму постои недовреба, бидејќи Унгарците немаат сразмерна застапеност во одредени државни тела. Јасно е дека се занемарува рамноправната употреба на јазикот, и тоа создава чувство кај моите сонародници дека Србија им е маќеа, а не мајка – додава Чонка.
Тој вели дека својот предлог во декември го изнел пред членовите на Поткомисијата на унгарскиот парламент. Предлогот го поддржуваат и Демократската партија на војводинските Унгарци, и Движењето на унгарската надеж, Граѓанскито сојуз на Унгарците и некои невладини и организации.
Инаку, по податоците од пописот на населението од 2011 година, во Србија живеат 253.899 граѓани кои се изјасниле како Унгарци, кои главно се населени во северниот дел од Војводина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


