| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски на министерски состанок на ЦЕИ во Бања Лука

Шефот на дипломатијата Никола Попоски на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак во својство на претседавач, денеска во Бања Лука ќе учествува на состанокот на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива.

Како што соопшти МНР, на состанокот теми на разговори ќе бидат актуелните односи и случувања во регионот и пошироко, иницијативите и проектите за унапредување на регионалната соработка и добрососедството во светло на процесите на европска интеграција, како и предизвиците поврзани со актуелната мигрантско-бегалска криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top