| четврток, 6 декември 2018 |

Руската мафија разви нов бизнис, а мета се хомосексуалците

6149f121953f7e7c67c4c721ad3de16b

Криминалните банди во Русиија, кои делуваат преки преку геј-сајтови за закажување состаноци, најдоа нови доходовни мети за уцена – хомосексуални мажи, наведуваат активисти за правата на ЛГБТ.

Економист од Санкт Петербург, една од најновите жртви, елид ека неколку мажи упаднале во стан каде што имал закажано состанок преку сајт. Тврделе дека лицето со кое се сретнал е малолетно, и му се заканувале дека ако не му платат, ќе викнат полиција и ќе го објават видеото од средбата кое го снимиле тајно.

Групата Виход, за одбрана на геј-правата, наведува 12 вакви напади во Санкт Петербург во текот на 2015 година и дека оваа година ѝ се обратиле уште шестмина хомосексуалци. ЛГБТ-активистите сметаат дека точниот број жртви е многу поголем и дека бројот на уцени особено е во пораст во псоледните две години.

973a7554ecd79d7bcb2b97858a2cde3d

Со оглед на тоа дека хомосексалноста е малку прифатена во руското оптество, многумина ја кријат своијата хомосексуална ориентација од семејствата, пријателите и колегите на работа. Тоа ги прави лесни мети за изнуда.

Хомосексуалците во Русија водат двоен живот, не се подготвени да ја откријат својата сексуална ориентација. Кога имаат договорени состаноци, се плашат да го откријат својот статус, дека ќе бидат обвинети за педофилија и затоа не се јавуваат во полиција.

Од друга страна, руските криминалци ги охрабрува хомофобниот закон од 2013 година, според кој изложувањето деца на хомосексуална пропаганда се смета за злосторство. Тој закон беше дел од напорите на Кремљ да ги одбрани традиционлните семејни вредности и да му се спротивстави на декадентното влијание на Западот

c8f41c3bb65fea9776fc855e7de941fd

-Криминалците не го прават ова затоа што се хомофобни, туку ја користат ситуацијата, сметаат од организациите за заштита на геј-правата.

Портпаролот на полицијата во Санкт Петербург велид ека не слушнал за вакви уццени и дека не знае дека имало напад на хомосексуалци во последните години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top