| четврток, 6 декември 2018 |

Бог се јави на Јамајка (ФОТО)

iridescentni oblaci

Погледнав нагоре и ова го видов. Никогаш досега не сум видела вакво нешто. Не знаев што е, вели девојката од Јамајка, која е автор на оваа фотографија.

Беки Боун Данинг, всушност фотографирала редок природен феномен, виножито во облаци.

Таа раскажува дека многу се изненадила кога видела облак во силни бои на виожитото.

-Погледнав нагоре и извикав: О Боже, видете го Сонцето! Тогаш гостите на хотелот почнаа да гледаат нагоре и да фотографираат, раскажува Беки.

Таа ја постирала фотографијата на страницата “The Weather Channel” на Фејсбук, а набрзо ѝ се јавиле и други кои гледале и фотогафирале необични „облаци на виножитото“. Овие облаци се познати како иридесцентни облаци, а феноменот се вика иридесенција.

Иако изгледа како виножито, принципот на создавање е различен.

Виножитото е резултат на рефракција (прекршување на сончевите зраци низ големи капки вода), а иридесцентните облаци се создаваат кога сноп светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината и потоа се свива и се прекршува околу пречката.

Од друга страна, спротивно од науката, народот смета дека ова е знак од Бога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top