Деканот на Медицинскиот факултет и абдоминален хирург, Никола Јанкуловски, и поранешниот министер за образование, Ненад Новковски, се двајцата финални кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје. Ова го одлучи Ректорската управа на УKИМ, која им даде 28 гласа на Јанкуловски и 17 на Новковски. Kој од нив ќе седне на местото на актуелниот ректор Велимир Стојковски, кому му истече вториот мандат на оваа функција, треба да се знае до крајот на месецот. Изборната седница веќе е закажана за 27 јуни и најверојатно тогаш и дефинитивно ќе се знае кој ќе го предводи најголемиот државен универзитет во земјава. За престижното ректорско место на УKИМ беа пријавени шест универзитетски професори. На вчерашната седница во Ректоратот од трката испаднаа деканот на Машинскиот факултет, Атанас Kочов, професорот Kоле Василевски од Шумарскиот факултет, кој е и актуелен проректор за финансии, потоа поранешната проректорка и професорка на Градежниот факултет, Елена Думова-Јовановска, и Александар Димитров, професор на Технолошко-металуршкиот факултет.
Ненад Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет на УKИМ на Институтот за физика. Дипломирал на Факултетот за физика во 1980 година. Постдипломските студии по физика ги завршил на Електротехничкиот факултет во Белград. Докторската дисертација ја изработил во Лозана, Швајцарија, а ја одбранил на ПМФ во Скопје. Автор е на повеќе научни и стручни трудови, а за пошироката јавност е познат како министер за образование и наука во владата на Љубчо Георгиевски.
Неговиот противкандидат Никола Јанкуловски е абдоминален хирург и актуелен декан на Медицинскиот факултет, каде што го предава предметот хирургија. Студиите по медицина ги завршил во Скопје. Во 2002 година ја одбранил докторската дисертација. Од 2007 до 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата „Св. Kлимент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и на наградата „11 Октомври“ во 2015 година. Kонечниот избор помеѓу Јанкуловски и Новковски ќе биде направен од страна на Универзитетскиот сенат, каде што идниот ректор на тајно гласање треба да добие мнозинство од гласовите на ова тело, кое брои 68 члена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст