Старата далматинска поговорка „напрај добро, изеј гомно“ на своја кожа ја почувстввуал 28-годишниот сега веќе поранешен полицаец Иван Томац од Славонија. Поради тоа што несреќниот сообраќаец му прогледал низ прсти на пријател, а потоа неговата сопруга, на шега, на Фејсбук напишала дека „грдите жени ја немаат таа среќа“, тој денеска е поранешен полицаец против кого внатрешната контрола на Хрватската полиција УСКОК подигна обвинение за злоупотреба на на службената положба и овластувања, за што хрватските закони предвидуваат затворска казна од 6 месеци до 5 години. Освен тоа, полицаецот веќе е без работа.
Минатата година Томац вршел редовна контрола во ноќните часови. Во еден момент наишол жолт голф и тој го запрел. Со голфот управвуала 27-годишната Анамарија Рајчевиќ, која нема возачка дозвола, а на совозачкото меесто седел нејзиниот сопруг, а на задното седиште седеле нивните малолетно деца.
Сопругот бил пијан и не смеел да ризикува да ја изгуби возачката, па затоа возела Анамарија. Борис го препознал полицаецот и го замолил да не ја казнува неговата соприга зашто вози без возачка, а овој рекол дека ќе се прави дека не видел и ги пуштил да заминат.
Тогаш почнуваат проблемите за попустливиот полицаец
Уште додека оделе кон дома Анамарија на Фејсбук објавила дека полицијата ги запрела, но ги пуштила, бидејќи „мажот се знае со полицаецот“, а и затоа што е згодна додека грдите во таа ситуација би немале шанса. Набрзо полицаецот дознал за статусот и му се јавил на Борис, но веќе било предоцна иако Анамарија го избришала.
За да биде уште побизарно, на суд Анамарија рекла дека полицаецот си е самиот виновен и дека требало да си ја заврши работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст