| четврток, 6 декември 2018 |

Другарките на мојата малолетна ќерка нудат секс за 30 евра

Малолетни девојчиња нудат секс со постари мажи на порносајтови. Се работи за девојчиња од Србија, на возраст од 13 до 16 години, кои се логираат на порно сајтовите и бараат секс средби со постари мажи, а секако за возврат бараат пари.

prostitutki

Како што дознава српскиот портал Ало, девојчињата праќаат разголени фотографии и за нив бараат во просек од 30 до 50 евра. За ова раскажува татко, чиешто дете се пожалило што прават другарките по училиште.

– Детето ми рече дека некои девојчиња на нејзината возраст имаат акаунти на порносајтовите, па намерно отворив и најдов една девојка која ми звучеше како дете. Почна прилично вулгарно да ми опишува што би правеле, каков однос би имале, а кога ја прашав колку години има, без срам одговори 16. Се шокирав, а уште поголем шок следуваше кога и реков дека деца не ме интересираат, а таа ме праѓа што е тука страшно зошто да не се видиме – вели таткото кој останува анонимен.

За овој проблем зборува и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ: – Децата во време на пубертетот гледаат порно сајтови и она што тука ќе го видат мислат дека е нормален однос на маж и жена. Потоа се подготвени да го прават тоа и во реалниот живот. Социјалните мрежи и Интернетот им го овозможуваат тоа – вели тој.

Неопходно е да им се објасни на децата додека се помали дека „непознатиот и страшен чичко на улица”, постои и на интеренет, велат психолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top