Белгиската полиција доби предупредување од Антитерористичката агенција за разузнавање дека групa борци од Исламска држава планираат напади во Белгија и Франција и дека тие неодамна од Сирија допатувале во Европа, изјави денеска претставник на силите за безбедност.
Белгискиот центар за вонредна состојба, кој е одговорен за координација на безбедносните мерки, соопшти дека предупредувањето ќе го испрати до сите полициски сили низ Белгија, но дека засега не се планира зголемување на степенот на безбедност во земјата на максимално ниво, кое укажува на непосредна опасност од напад.
Белгискиот весник „ДХ“ цитирајќи ги наводите од предупедувањето објави дека група џихадисти ја „напуштиле Сирија пред една и пол недела, со цел преку Турција и Грција со брод да стигнат до Европа без пасоши“, при што не се наведува точниот датум кога тие тргнале кон Европа.
Весникот, исто така, наведува дека меѓу потенцијални цели на терористите во Белгија е еден трговски центар во Брисел, рестораните на американските синџири за брза храна и полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст