Во согласност со програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година, Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, а со поддршка на професори од високообразовните установи во државата и претставници на бизнис-заедницата, веќе две учебни години го спроведуваат проектот „Лидер“, во чиишто рамки се организираат натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта.
Со тоа, по втор пат во една средношколска генерација се избраа ученици-лидери на струки.
Имено, во оваа учебна 2015/2016 година за учество во натпреварите, кои се одвиваа најпрво на ниво на училиште, а потоа и на државно ниво, се пријавија 184 средношколци од 28 образовни профили во 10 струки и тоа: машинска, хемиско–технолошка, угостителско туристичка, електротехничка струка, лични услуги, сообраќајна струка, здравствена, економско–правна и трговска струка, земјоделско–ветеринарна и градежно–геодетска струка.
Победниците, заедно со нивните наставници ментори, освен признанија како потврда на постигнатиот успех, ќе добијат и паричен надоместок во висина од 50% од износот на просечната нето плата во земјата во тековната година.
Министерството за образование и наука се заблагодарува на сите ученици кои изразија интерес за учество, а на победниците им честита на постигнатиот успех.
Во прилог листа со победниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст