Собранието на Република Македонија денеска ја почнa 106. седница на која бeше констатирана оставката на вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

На седницата на дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата – Кирил Миноски за министер за финансии и Илија Исајловски за заменик-министер за надворешни работи откако вчера беше најавена смена на актулената заменик-министерка за надворешни работи, Драгана Кипријановска.
На седницата не беше прифатен предлогот на пратеникот Љубомир од НСДП, на седницата да се гласа за цела Влада, а не само за еден член на Владата. Се повика на членот 94 став 3 од Уставот, со кој се предвидува кога се менува 1/3 од членовите на Владата да се гласа за составот на целата Влада.
Претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање и рече дека Уставот може да го толкува кој како сака.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера поднесе оставка поради здравствени причини.
– Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и заздравување поради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија – наведува Ставрески во оставката.
Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009 година и на позицијата министер за финансии. Тој со својата работа и постигнати резултати останува запаметен како еден од најуспешните македонски министри, кој со своите економски политики направи значителни достигнувања и суштински реформи кои државата ја ставија на мапата на меѓународните економски текови и процеси.
За време на министерувањето на Ставрески се постигнаа најзначајните и забележителни резултати во клучните области на економијата, намалување на невработеноста, привлекување странски инвестиции, поддршка на домашната економија, подигнување на стандардот на граѓаните.
– Ми беше задоволство да бидам дел од овој економски тим, кој со голем жар, ентузијазам, одговорност и посветеност работеше за Македонија и донесе резултати кои многу граѓани ги почувствуваа, тргнувајќи од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис-климата, високи растови на економијата и извозот, носењето многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики. Сето тоа е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза – пишува Ставрески.
Тој во оставката се заблагодарува за плодната и професионална соработка со претходниот претседател на Владата, Никола Груевски, во чијшто владин тим беше девет години.
– Со него имав одлична соработка и голема поддршка. Заеднички со него и со другите колеги од Владата направивме економски резултати за Македонија како никогаш досега, признаени и потврдени од најзначајните меѓународни финансиски институции – истакнува Ставрески.
Тој се заблагодарува и за соработката на премиерот Емил Димитриев и останатите членови на Владата особено за доброто функционирање во услови на длабока политичка криза, како и на одличните односи и соработка со приватниот сектор, НБРМ и меѓународните институции.
На позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев на денешната седница ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски. Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени, проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Бооз Аллен Хамилтон во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.
Миновски поседува и искуство во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат. Претходно бил ангажиран како менаџер на компонененти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.
На денешната седница премиерот Димитриев за позицијата заменик-министер за надворешни работи, на која досега беше Кипријановска, ќе го предложи Илија Исајловски, кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи.
Во МНР Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминува низ сите професионални скалила. Тој извесен период работи и во Одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Република Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде што ги покриваше и ДНР Кореја, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


