А.Т. (24) од Охрид е осомничен од полицијата за кражби на бакар од трафостаницата на ЕВН од Охрид. Истражен судија му одреди триесет дена притвор.
Младиот охриѓанец, тврди МВР, на 22-ри овој месец, со двајца познаници од трафостаницата на ЕВН лоцирана во населбата „Св. Стефан“ украле бакарен енергетски кабел и девет главни бакарни шини со должина од 1,5 и 2 метри. Неколку дена пред тоа, од погоните „Дистрибутивни транс- форматори“ и „Разделувачи“ на А.Д. „ЕМО“ одзеле над 350 килограми бакар. Минатиот месец, А.Т. заедно со неговата група, од магацин во селото Опеница украле пет електро мотори со различна моќност и петметарски трофазен кабел. Тие со употреба на соодветен алат и физичка сила, го пресекле кабелот за довод на струја кај балонот за фудбалско игралиште на булеварот „Туристичка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.