| четврток, 6 декември 2018 |

Му дошло преку глава: Си ја срушил куќата и ја истоварил пред банка бидејќи му била одземена

rusenje-kuka-banka

Човек од Бугарија кој не можел да си дозволи да ја плати хипотеката на куќата, ги дал последните пари за да ја сруши непосредно пред банката да му ја одземе. Земјиштето на кое куќата е изградена не било вклучено во хипотеката, па семејството ја уништило куќата и ја дале земјата на нов сопственик.

Остатоците од зградата се истоварени во голем камион и се пренесени пред зградата на банката во Тетевен, каде бил потпишан договорот за хипотеката.

Човекот кој бил во долг на банката и целото негово семејство влегле и почнале да молат и плачат за милост, но директорот на банката рекол дека тој не може да направи никаква отстапка и дека семејството имало една недела да ја испразни куќата.

Замислете го изразот на лицето на директорот кога го видел семејството како излегува од багерот, а „куќата“ била истоварена пред главниот влез на банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top