Холандската кралица Беатрикс им се заблагодариле синоќа на своите поданици на големата поддршка што ја имала во изминатите 33 години и ги повикала да му ја дадат и на нејзиниот постар син Вилем Александер, кој од денес официјално ја презема круната.
„Сега, кога мојот постар син ја презеде оваа благородна и одговорна работа, мојата желба е новата кралска двојка да ги добие вашата поддршка и љубов на истиот начин на кој ги добивав јас“, кажала Беатрикс обраќајќи се преку националната телевизија.
„Убедена сум дека Вилем Александер ќе биде искрено посветен на сето она што еден крал е обврзан да го прави“, додала Беатрикс.
По телевизиското обраќање на нацијата Беатрикс била домаќинка на вечерата што ја организирала за благородниците кои во Амстердам допатувале од сите краеви на светот, која била организирана во националниот музеј.
Се очекува на денешното примопредавање на престолот во Амстердам да присуствуваат над милион луѓе. За нивната безбедност ќе се грижат околу 13.000 полицајци и голем број редари.
Воздушниот простор над Амстердам е затворен од вчера и забраната ќе трае до четврток наутро, а познатиот амстердамски плоштад Дам и целиот простор околу него биле пребарани со кучиња дресирани да наоѓаат бомби.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст