Во последните 24 часа на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на мотоцикл и еден велосипедист.
Во три сообраќајни незгоди со полесни повреди се здобиле четири лица, а со телесни повреда се здобил и еден возач на патничко возило. Три сообраќајќи се со последица материјална штета.
Во текот на изминатиот ден се откриени и санкционирани двајца возачи кои биле под дејство на алкохол, четири возачи кои поминале на црвено светло, шест возачи кои користеле мобилен телефон за време на возењето и осум возачи кои возеле без возачка дозвола. Откриени се и девет нерегистрирани возила и 29 непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „Пајак“ отстранети се 69 возила.
Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детските градинки „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ и во „13 Ноември“, објект „Јасмин“, кои се наоѓаат во општина Центар.
Поради денешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Чешка во спортскиот центар „Борис Трајковски“, закажан за во 20 часот, од страна на полицијата ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на соораќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст