Претставата е продлжение на проектот „Издигнување“, кој го следи прогресот на овие млади артисти кон создавање препознатлив модерен бренд и компанија по примерот на големите танцови школи.
Тригодишната континуирана работа и посветеност на создавање современ танцов потпис, културно-уметничкиот центар „Битрикс“ ја круниса со премиерно прикажување на својата втора претстава насловена „Делови“. На отворената сцена свое деби како кореографи доживеаја тројца млади, перспективни уметници кои својата креативност и енергија ја пренесоа на публиката на уникатен начин, со спојување на танцов и музички перформанс.
Три различни тематики и стилови на игра прикажаа Ивана Балабанова, Дејан Битровски и Леонардо Хусеини со своите парчиња „3/∞“, „П.А.Н.Г.Т.Е.О.“ и „КОНЕКТ“.
Гости-учесници на перформансот беа и младите музички надежи Виктор Апостоловски, Матеј Петров, Дамјан Даневски, Александар Ванчовски, Калина Велковска, Дина Јовановска и Александар Илиоски.
Претставата е продлжение на проектот „Издигнување“, кој го следи прогресот на овие млади артисти кон создавање препознатлив модерен бренд и компанија по примерот на големите танцови школи.
Премиерата на преформансот се одржа на покривот на катната гаража „Македонска Фаланга“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст