| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани масовно уживаат на авто-кино (Фото)

avto-kino-sk-768x432

Во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ се одржуваше авто-кино. За оваа прилика, скопјани се собраа во огромен број каде уживаа гледајќи го филмот „Последниот Македонец-патот до истребување“.

Лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски денес истакна дека овој филм го одбрале за да се направи уникатен настан, потенцирајќи дека како Униија на млади сили сакаат да се грижат за културното наследство, како и за културата на Република Македонија.

Проекцијата започна во 20:30, а влезот беше бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top