Најновото истражување на професорот Гордон Дала од Универзитетот во Сан Диего покажа кој подолго време останува во брак, родителите кои имаат девојче или момче.
Доколку вашето прво дете е од машки пол, поголеми се шансите дека вие и вашиот партнер ќе останете секогаш заедно.
Професорот Дала го истражувал попис на населението во САД и открил дека мажите почесто ги бараат за сопруги партнерките доколку знаат дека тие носат момче, а исто така и поретко се одлучуваат на развод доколку имаат синови.
Претходните истражувања на Универзитетот во Калифорнија покажаа дека мајките кои се разведени со ќерки исто така имаат помали шанси повторно да се омажат, од мајките со синови.
Исто така шансите за развод се зголемуваат за десет отсто доколку двојката има повеќе ќерки, покажа статистиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


