| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електро-мрежата без електрична енергија утре од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел ул.„Иван Козаров“ (фирмите и дуќаните кон Тутунски комбинат) и дел од бул.„Борис Трајковски“ (на самиот почеток кај Стара Рампа во близина на поранешна фабрика Цветан Димов) во општина Кисела Вода.

РЦУК на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. „Партизански одреди“ околу кружниот тек кај полицијата во општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top