| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Тузла: Викнал „Алах Акбар“ и пукал во родителите

Викајки „Алах Акбар“ маж од Тузла со огнено оружје пукал кон мајка си и татко си.

Се работи за 52-годишниот Н.Х. кој вчера го ранил својот татко и физички ја нападнал својата мајка.

Од полциијата велат дека тој го ранил таткото, а ја нападнал мајката, а при тоа од куќата се слушале викотници и „Алах Акбар“.

Полицијата го уапсила напаѓачот.

Мајката и таткото се итно хоспитализирани.

Според податоците на Ало, синот имал психички проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top