| четврток, 6 декември 2018 |

Пелин-жена

najcevska-735x400

Ро­де­на: 24.11.1956 го­ди­на, Скоп­је

Обра­зо­ва­ние: до­ктор по прав­ни на­у­ки

Про­фе­си­ја: про­фе­сор

Има неистомисленици, има опозиција, има борци за ова или за она, за чудни некои слободи, за сечии интереси, има такви кои се опасни, неуки и вооружени и од нив вардете се. Но има уште поопасни, учени, богати и купени, такви се поганците. Глувци поганци, со крволочни очи, со суви усти и страшни заби. И почурук од тоа. Такви некои глувчешки морници ми поминуваат кога ќе ѝ го видам името во утринските наслови. Почесто е само презимето или нагалено „Најче наша“. Цела една револуција под здолништето на една толку мала женичка. Нели, во духот на галовното.

Толку многу гнев, омраза, лошотилак и поганштна во една толку мала женичка за почеток на секој голем ден. И тоа со години. Зашто таа не е првпат на овие страници. Сигурно нема да биде ниту последен иако никогаш не е добредојдена. Единствено нешто што постојано се враќа во исто во овие шеесетина реда е поганиот арсенал, истите зборови, истите навреди, истиот тој народ глуп, поглуп, најглуп, истиот тој Груевски кецарош, иако годинава сите се кецароши, истите повици на насилство. Откако е со мегафонот по улиците, а така е со години, Најче погано мајче повикува на насилство, на радикализирање, на непослушност. И не само што повикува, така и се однесува.

Последниве е видно потресена од измените Законот за спречување и заштита од дискриминација. На Фејсбук напиша:

„Според најновите измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација, доколку повикуваш и поттикнуваш на дискриминација ќе бидеш казнет со 70-110 евра.

Доколку се опијаниш и го нарушуваш јавниот ред и мир ќе бидеш казнет со 100-400 евра.
Ако пееш после 23 часот ќе бидеш казнет со 200-500 евра.
Ако го опцуеш Ѓорѓе 600-800 евра.

Ете тоа ти е убавата држава во која живееме.
Тоа се случува кога 10 години на власт ти се наоѓаат кецароши.
Треба да си многу глуп да дозволиш 10 години та ти седат на грбача.
И јас се чувствувам многу, многу глупо, да ви кажам право.“

Иако нема ништо спорно во измените на Законот, Најче погано женче, ете се чувствува многу, многу глупо.

Да ви кажам право, и треба. Десет години да живееш под кецарошки режим и да ти биде дозволено да правиш што сакаш, да речеш што сакаш, да плукаш по сопствениот народ, да поганиш, да шириш пелин, да повикуваш на насилство, да поддржуваш насилство, да се однесуваш насилно – и ништо да не промениш, да не го завртиш народот, нели глуп, овци, зад својата грбача, па да го поведеш во подобра иднина, треба да ти е глупо.

Десет години да не го опаметиш глупиот народ – можеби не е народот глупиот, туку  кај тебе нешто е гнило, глупо и погрешно: приодот, погледот, сфаќањето, поганштината… Што викаш, а?

Текстот е објавен во 198 број на неделникот „Република“, на 16 јуни 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top