На позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски.
Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.
Миновски поседува и искуствo во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат.
Претходно бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.
МИА дознава дека премиерот Димитриев ќе направи ротација и на позицијата на заменик-министер за надворешни работи, односно дека ќе биде побарано разрешување и на замени- министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска, а на нејзино место претседателот на влада на РМ Емил Димитриев ќе го предложи Илија Исајловски, кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи. Во Минисрерството за надворешни работи Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминува низ сите професионални скалила. Тој извесен период работи и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Р. Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покриваше и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.
Се очекува во текот на утрешниот ден Собранието на Република Македонија да расправа и ги констатира за оставките, по што ќе бидат именувани новиот министер за финансии и заменик министер за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст