| четврток, 6 декември 2018 |

Се мислел што да прави со детето: Абала го снимал колежот и го објавил на Фејсбук

Still image taken from video shows Police vehicles at the scene near where a French police commander was stabbed to death in front of his home in the Paris suburb of Magnanville, France, June 14, 2016.   REUTERS/Reuters TV

Извршителот на нападот покрај Париз, во кој беа убиени двајца полицајци, го снимил злосторството, изјавија двајца претставници на француските власти.

Напаѓачот ја објавил снимката на Фејсбук лајв, услуга на социјалната мрежа за емитување во живо, изјави еден од претставниците, јави БТА.

Во еден момент за време на нападот мажот се поколебал што да прави со тригодишното дете на убиените полицајци, истакна еден од изворите, кој побара анонимност.

Напаѓачот Лароси Абала беше ликвидиран, откако ги уби двајцата полицајци, маж и жена, кои живеел заедно. Мотивот за нападот се уште не е разјаснет.

Според анонимен извор од информативна агенција поврзана со ИД нападот бил извршен од борец на групацијата, која сепак официјално не ја презела одговорноста.

На Фејсбук имаше профил со името на Абала, на кој имало фотогафија од маж со брада. Сепак профилот беше отстранет изутрината од социјалната мрежа. Две од последните публикации вклучуваа видеоматеријали, во кои се критикуваа Израел и Саудиска Арабија.

Still image taken from video shows Police at the scene near where a French police commander was stabbed to death in front of his home in the Paris suburb of Magnanville, France, June 14, 2016.   REUTERS/Reuters TV

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенов изјави во меѓувреме дека треба да бидат извршени нови апсења по терористичкиот напад покрај Париз и ликвидирањето на убиецот на двајцата полицајци.

– Истрагата продолжува и треба да спроведеме нови апсења, рече Казено, кој го посети париското предградие Манјанвил, каде синоќа беше извршен нападот.

Министерот пристигна во полициската станица, во која работела една од жртвите, 42-годишниот Жан Батист Салвен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top