| четврток, 6 декември 2018 |

Руските хулигани можат да ја чинат својата земја исфрлање од ЕВРО 2016

angilija rusija huligani evro 2016 2

Дисциплинската комисија при УЕФА ја казни Русија со 150.000 евра за инцидентите на навивачите на оваа репрезентација на дуелот со Англија. Воедно, Русите добија и „одложена казна за исфрлање од ЕВРО 2016“, што значи дека евентуално повторување на сличен престап на еден од следните натпревари ќе значи и автоматска дисквалификација на избраниците на Слутски од овој шампионат.

– Покрај паричната казна од 150.000 евра, Русија добива „одложена дисквалификација“ од ЕВРО 2016 за немирите на навивачите. Според членот 20 од УЕФА дисциплинскиот правилник, оваа дисквалификација е „одложена“ и ќе стапи на сила доколку инцидент од слична природа се случи до крајот на ова првенство – се вели во соопштението на УЕФА.

Руските хулигани влегоа во бројни конфликти со полицијата и со англиските фанови, но најголемиот инцидент се случи по завршувањето на натпреварот во Марсеј, кога приврзаниците на „зборнаја“ го минаа навивачкиот кордон и тргнаа во физичка пресметка со ривалите, предизвикувајќи „стампедо“ кое за среќа мина без жртви на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top