| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: На десетгодишно дете му ја скршиле главата со шипки

Драма се одвивала среде улица во Тетово. Во 15 часот и 40 минути во Клиничкиот центар бил донесен десетгодишник од Тетово со фрактура на задниот дел од главата. Момченцето кажало дека на улицата Михајло Рајчевиќ, непознати лица со метална шипка го претепале. Поради карактерот на повредите малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје.

поли2

Од превземените мерки и активности идентификувани се учесниците во тепачката. Се работи за двајца малолетници од Тетово, со кои бил извршен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top