| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот премиер однесен на итна операција

Поранешниот италјански премиер Силвио Берлускони утрово е однесен на итна операција за срцев залисток. Како што се очекува интервенцијата ќе трае три часа.

Берлускони е во болница во Сан Рафаел, каде ќе го помине неколку недели на интензивна нега по интервенцијата, соопштуваат од болницата.

берлускони

Италијанскиот милијардер преживеал инфаркт пред 10 години, кога му е вграден пејс-мејкер во САД. Уредот е заменет на крајот од минатата година.

– Секако дека сум загриженн. Но и поддршката на блиските многу ме погоди, па дури и од моите политички ривали, напиша Берлускони вчера на својата Фејсбук страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top