Во големата сала на Врховниот суд денеска треба да се одржи судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“.
Целата постапка стартува одново откако судот на почетокот на април донесе одлука „Диво Насеље“ да се спои со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Диво Насеље“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
Сите ги отфрлија обвинувањата, односно негираа дека се терористи, а како невини се изјаснија и уапсените во акцијата „Молња“.
Според Обвинителството, обвинетите се виновни за делата за кои се товарат, а прибавените докази неоспорно укажуваат дека голем дел од обвинетите се познавале и имале континуирани контакти. Обвинетите биле идентификувани со криминалистичко вештачење, односно со совпаѓање на материјалните докази најдени на самото место.
Адвокатите на обвинетите, пак, го оспоруваат вештачењето со образложение дека го направило МВР, истиот орган што ги тужи обвинетите. Бараат тоа да го направи независна институција.
Судењето за „Диво Насеље“ се одржува во големата сала на Врховниот суд, бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст