| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Оланд даде изјава по нападот во Париз

larosi-abala-terorsti-francija-02

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека нападот во кој маж во име на Исламска држава уби француски полицаец и негова сопруга, е „неоспорно терористички акт“.

– Оваа двојка е кукавички убиена од страна на терорист. Франција се соочува со голема терористичката закана против  која ние имаме мобилизирано значајнии ресурси, рече Оланд.

Претходно во Елисејската палата се одржа итен состанок, по кој министерот за внатрешни работи Бернар Казенев исто така изјави дека станува збор  “терористички чин”.

На состанокот со претседателот покрај министерот за внатрешни работи беа и премиерот Мануел Валс и министерот за правда Жан-Жак Урвоа.

Покрај осудата на терористичкиот акт за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, Казенев нагласи дека “повеќе од сто луѓе кои претставуваат закана за безбедноста на Французите се уапсени од почетокот на годинава”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top