| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е мотивот за масакрот во Орландо: Убиецот бил хомосексуалец?

orlando masakr

Додека САД и светот им одаваат почести на жртвите од масакрот во ноќниот геј клуб во Орландо, се појавија информации дека 29-годишниот Американец од авганистанско потекло Омар Матин можеби бил хомосексуалец, со што се отвора нова верзија за можните мотиви за неговиот крвав поход и ја олеснува вината за пропустот на безбедносните структури.

Локален дневен весник објави изјави на неколку сведоци кои тврдат дека извршителот на најголемиот масакр во поновата историја во САД во кој се убиени 49 и ранети се 53 луѓе, почесто доаѓал во ноќниот клуб „Пулс“, каде што во неделата утрото го изведе нападот.

Таму, наводно, Омар Матин повеќепати го привлекувал вниманието со својата агресивност, која била последица на прекумерно консумирање алкохол. Покрај тоа, редовен посетител на клубот изјавил за Лос Анџелес тајмсдека убиецот бил корисник на геј социјалната мрежа Џекд. Колега на Матин од полициската академија, пак, за дневниот весник Палм Бич пост изјавил дека овој му се додворувал.

Овие искази може да ја доведат во прашање досега утврдената за исламско радикализирање на убиецот, која најчесто ја изнесуваа истражните органи. Тоа сигурно ќе ги отежне напорите за разбирање на психолошките причини кои овој млад човек со лиценци од агенција за обезбедување го натерале на таквиот чин.

Американскиот претседател Барак Обама, кој во четвртокот ќе отпатува за Орландо, изјави во понеделникот дека од досегашната истрага е видливо дека Матин „добивал поттикнувања од различни екстремистички извори за информирање на интернет“.

Меѓутоа, засега „нема јасни докази“ дека овој татко на семејство (сопругата се развела од него поради насилство – з.р.), „примал упатства однадвор“ или дека е „дел од поширока група којашто планира напади“, рече американскиот претседател.

Пред нападот порачал дека е лојален на групата Исламска држава, но уште нема докази дека постапувал по нивен налог“, истакна Обамa алудирајќи на потврдената информација дека во текот на нападот Омар Матин се јавил во службата за итни ситуации 911 изразувајќи му лојалност на челникот на џихадистите Абубакр ал-Багдади.

Исламската држава преку своите медиуми и социјалните мрежи уште во неделата ја презема одговорноста за нападот, а во понеделникот повторно се огласи со соопштение во кое Матин го нарече свој „боец“.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) потврди дека во три наврати во 2013 и 2014 година го сослушувале Матин поради „можна поврзаност со терористи“, но истрагата била запрена. Матин, исто така, бил безбедносно проверуван и во септември 2007 година, која се вработил во агенцијата за обезбедување G4S која делува во 125 земји во светот.

Затоа, доколку се покаже претпоставката дека убиецот бил хомосексуалец, тоа може да го извлече FBI од непријатната ситуација во којашто се најде бидејќи го следеле радикализирањето на Омар Матин, а не го спречиле злосторството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top