| четврток, 6 декември 2018 |

„Ало полиција, сакам да пријавам мечка“

Маж со иницијали М.Б. (79) од Бања Лука синоќа околу 22 часот во полиција пријавил една мечка затоа што влегла во заграден двор на неговиот имот во местото Липовац и му нанела штета на кошниците за пчели .

pceli

Тој раскажал дека мечката ги скршила и расфрлила низ дворот пет сандаци со пчелични семејства.

На местото на случувањето излегле полициски службеници на Полициската станица Челинци, а информиран е и општинскиот инспектор во Челинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top