| четврток, 6 декември 2018 |

„Супер Виктор“ несреќното име за маскотата на ЕУРО2016

Европската фудбалска федерација УЕФА се најде во многу непријатна ситуација, откако се покажа дека официјалната маскота на штотуку започнатиот континентален шампионат во Франција – Супер Виктор има исто име како и популарно сексуално помагало.

Името Супер Виктор беше избрано во конкуренција со уште две имиња – Голикс и Дриблу . Официјалната маскота на Европското фудбалско првенство Франција 2016 беше претставена ланскиот 18-ми ноември во Марсеј точно една година откако беше избрана но беше безимена, на обновениот стадион „Велодром“, пред пријателскиот натпревар на Франција со Шведска.

Сега во главната европска фудбалска организација се непријатно изненадени, откако открија дека името Супер Виктор го носи и едно популарно женско сексуално помагало, вештачки гумен пенис долг над 25 сантиметри.

super victorrr

„Сé што можеме да кажеме е дека УЕФА не ги произведува тие играчки“ порачаа од организацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top