| четврток, 6 декември 2018 |

Достапно без рецепт – од денес во аптеките се продава масло од канабис

todorov2

-Реализиравме уште едно значајно ветување за унапредување на здравствената заштита на граѓаните. Од денеска, во аптеките низ државата е достапно масло од канабис кое се издава без лекарски рецепт (и содржи количина на THC помалку од 0,2 %, а со две различни концентрации на CBD – од 5% и 7%), објави денеска Министерството за здравство и ресорниот министер Никола Тодоров.

-Со оваа новина излеговме во пресрет на барањата на граѓаните и стручната јавност, чии забелешки, мислења и сугестии имавме можност да ги слушнеме на одржаните јавни дебати на оваа тема, а потоа истите ги вградивме во законско решение во март годинава. Според меѓународните искуства, станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора, и генерално може да помогне во подобрување на имунолошкиот систем кај човекот. Токму затоа, ова масло се наоѓа во слободна продажба и е достапно за секој човек без лекарски рецепт. Исто така, докажано е отсуство на пестициди и хербициди во производот, добиен со екстракција на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што значи дека се работи за маслен екстракт од највисок квалитет. Сепак, особено е важно да се знае и да се има предвид дека ова масло не може да биде замена за стандардна терапија доколку за одредена медицинска состојба истата е препорачана од страна на доктор, се додава во фејсбук статусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top