Суспензијата од две години што и беше изречена на Марија Шарапова воедно значи дека руската тенисерка повеќе нема да фигурира на ВТА-листата како официјално рангирање на најдобрите светски тенисерки. ВТА вообичаено понеделнички го објави најновиот ранкинг, а на него повеќе ја нема Шарапова, која е избришана и покрај најавите дека ќе се жали до Спортскиот суд во Лозана во обид казната да и биде намалена или целосно укината.
Серена Вилијамс се уште е прворангирана светска тенисерка со 4.270 бода, пред Германката Кербер и пред Викторија Азаренка, додека победничката на Ролан Гарос, Габрине Мугуруза, остана на четвртото место. Зад Шпанката за комплетирање на Топ 10 листата се наоѓаат Радванска, Суарез – Наваро, Халеп, Кузнецова, Стосур и Бачински.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се најде на 267. место на најновата ВТА ранкинг-листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.