Пред да се венчаат и станат родители, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс глумеа заедно во филмот „Зелената светилка“ и беа само другари. Актерката ја раскина врската со колегата од „Озборувачка“(Пен Беџли) во јули 2010, а Рајан во декември истата година покрена бракоразводна парница со Скарлет Јохансен, за време на снимањето на филмот.
Во јуни 2011 година на премиерата на филмот веќе се гледало дека на Рајан му се допаѓа Блејк. Странските медиуми дознаа дека дури и Леонардо Дикаприо е еден од оние кои убавата актерка просто ја обожуваат, бидејќи знае тоа што повеќето девојки не го знаат, а тоа е да готви.
-Таа одлично готви. Се знае да подготви. Не постои нешто што не знае. Оваа девојка е по цел ден во кујна. Се што би ни текнало таа знае да го подготви и донесе. Чудно е и тоа што таа живее на половина час од местото каде се снима, а кога ќе го донесе јадењето се уште е топло. Мислам дека има кујна во автомобилот- – изјавил Рајан во една прилика, целосно опчинет со фактот дека неговата жена соврешно готви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.