| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно пукање во Диво Насеље

Вчера околу 19.00 часот во Куманово, на ул.„Тоде Мендол“, Р.З. (50) од Куманово пукал кон Б.Р. (26) од Куманово, кој управувал „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, во кое сопатник бил и С.М. (25) од Куманово. Притоа два проектила завршиле во возилото, во предната лева врата и во задната лева светилка, а патниците останале неповредени.

Причина за нападот била претходна расправија поради сообраќајна незгода.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top