Едвард Сотомајор Џуниор (34), Стенли Алмодовар (23), Хуан Рамо (22), Луис Омар Оказио Капо (20), Ерик Иван Ортиз Ривера (36), Кимберли Морис (37), Еди Џастос (30) и Луис Вијелма (22) се првите идентификувани жртви од педесетте убиени во клубот „Пулс“, во Орландо, кои ги уби Омар Матрин во крвавиот поход.
Идентигикувани се уште и Питер О. Гонзалес Круз (22), Дерил Роман Барт II (29), Деонка Дидерил Роман Барт II (29), Дионка Додра Дрејтн (32), Алехандро Бериоз Мартинез (21), Ентони Луис Лориенодисла (25), Жан Мендез Перес (35) и Френки Џими Дехесиус Веласкез (50).
Luis Vielma worked on the Harry Potter ride at Universal. He was 22 years old. I can’t stop crying. #Orlando pic.twitter.com/Nz2ZCWxNsS
— J.K. Rowling (@jk_rowling) June 13, 2016
Денеска се идентификувани и Аманда Алвијар (25), Мартин Бенитез Торес (33), Луис Даниј Вилсон Леон (37), Мерседес Марисол Флорес (26), Хавиер Емануел Серано Розадо (35) и Жилберто Роман Сола Мендез (25).
Мина Џастис, мајка на Еди Џастис, им раскажала на новинарите дека ја разбудила СДС од синот. Напиѓал дека човек пука во клубот и да повика полиција. Додал дека се сокрил во тоалетот, а потоа испратил уште една порака: „Доаѓа. Нѐ фати, внатре е со нас“.
-Тоа беа неговите последни зборови, раскажала мајката на Ели, еден обичен млад човек кој работел како сметководител.
#RIP #OrlandoShooting Edward Sotomayor Jr., brand manager for “Planet’s #1 Gay Vacations!” https://t.co/nAvv7fcKo3 pic.twitter.com/O376wSxWyT
— Katie Zavadski (@katiezavadski) June 12, 2016
Едвард Сотомајор бил менаџер на туристичка агенција специјализирана за работа со хомосексуални двојки. Неговиот партнер бил надвор од клубот кога почнало пукањето, а Еди му испратил порака да не се враќа внатре и дека се сокрил во тоалетот. Дваесет минути подоцна му испратил порака дека е добро и тоа било сѐ.
On his way to the Pulse nightclub, Stanley Almodovar III laughed and sang, posting to Snap… https://t.co/g6pNRBDhOn pic.twitter.com/Frc5f9ow1R
— Orlando Sentinel (@orlandosentinel) June 12, 2016
Стенли Алмодовар бил аптекарски техничар, најмладото дете во семејството. Неговата мајка Розали Рамос (51), која боледува од рак, дошла да го псоети синот. На масата му оставила макарони со сирење и домати за да јаде кога ќе се врати.
-Се надевав дека е погоден во рака или во нога. Рана во нога се преживува, се тешела таа. „Но, Стенли бил погоден во градите, стомакот и во колкот.“
Хуан Рамон Гереро годинава им признал на родителите дека е геј. Студирал на Уноверзитетот во Централна Флорида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст