| четврток, 6 декември 2018 |

Шакири призна: Ми бараа 100 илјади евра за да играм за Албанија

sakiri

Џердан Шакири, Валон Бехрами и Гранит Џака, репрезентативци на Швајцарија со албанско потекло, сакале да играат за тимот на Албанија, но претседателот на фудбалската федерација имал непристојно барање за нив. По дуелот помеѓу Швајцарија и Албанија на вториот ден на Европското фудбалско првенство, крилниот играч на Стоук, Шакири, ја откри причината зошто се одлучиле да го бранат националниот грб на Швајцарија.

-Ме боли кога ќе видам како Албанци ме навредуваат затоа што одбрав да ја претставувам Швајцарија, а не Албанија, вели Шакири.

-Како и да е, јас сум тој кој најдобро знае зошто ја одбрав Швајцарија. Кога јас и моите пријатели Бехрами и Џака отидовме да побараме да играме за Албанија, претседателот на Фудбалската федерација на Албанија, Армандо Дука ни рече дека ќе треба да платиме по 100.000 евра за да играме за албанскиот национален тим. Тој знаеше дека ние живееме во Швајцарија, но не знаеше дека немавме пари да платиме. За разлика од него, Швајцарската федерација ни понуди подобри услови кои ги прифативме и немаа никакви непрофесионални барања од нас. Јас сум Албанец во моето срце и сакав да играм за Албанија, но Дука ги спречи нашите надежи да ја имаме поддршката од албанските навивачи. По таа случка никогаш повеќе не прозборев со него, бидејќи тој не го заслужува тоа, поради него илијадници браќа албанци ме навредуваат затоа што се потам во швајцарскиот дрес, а не во албанскиот, изјави Шакири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top