Успешното справување со софистицираните облици на компјутерски криминал може да се реализира со преземање мерки истовrемено на национално и меѓународно ниво, бидејќи ефикасноста е поголема и честопати единствено можна само доколку компјутерскиот криминал се третира на меѓународно нивно. Само со таков пристап кон проблемот ќе бидеме во можност да постигнеме успех во борбата и сузбивањето на тој вид криминалитет, а со тоа на најдобар можен начин да промовираме општество современо и засновано на владеењето на правото.
Тоа го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков на отворањето на Регионалната конференција за борба против компјутерски криминал и перење пари што во организација на МВР, Европската унија и Советот на Европа се одржува во Охрид.
Собирот на кој учествуваат експерти од институциите надлежни за сузбивање на компјутерскиот криминал од државите од Југоисточна Европа и Турција, ја има пред себе целта воспоставување ефикасни механизми за соработка на национално и регионално ниво, размена на информации, зајакнување и хармонизирање на капацитетите за истражување, одземање и конфискација на имот стекнат преку компјутерски криминал и превенција на перење пари преку Интернет.
– Македонија силно го поддржува приватниот сектор и го дели мислењето за исклучителната важност од негово вкучување во процесот на идентификација истражување на компјутерскиот криминал и перењето пари. Поддршката од приватниот сектор преку соработка и навремена размена на информации може директно да влијае врз ефикасноста на агенциите за спроведување на законот, рече Чавков.
Владимир Милошески од Јавното обвинителство нагласи дека границите не претставуваат проблем за криминалците, а претставуваат проблем за институциите кои ги гонат.
– Конвенцијата за компјутерски криминал што веќе е парафирана од 40 држави во светот, претставува алатка за успешно справување со тој, но и со сите видови конвенционален криминал. Сега веќе е полесно да се замрзне имотот стекнат преку компјутерски криминал, а истовремено преку соработка да се обезбедат доказите неопходни за покренување соодветна кривична постапка, рече тој, укажувајќи на потребата од брзо и ефикасно дејствување на сите чинители оттаму што доказите кои упатуваат на овој вид криминал можат брзо да се исчезнат.
Александар Сегер, проект-менаџер на програмата за компјутерски криминал од Советот на Европа, укажа на глобалната димензија што ја има компјутерскиот криминал во време кога Интернетот и компјутерите се секојдневие, а засегнати се сите пори на современото општество, од самите граѓани, демократските институции, се до медиумите.
Забележувајќи дека речиси и да не постои криминал денес извршен без употреба на современи електронски уреди како компјутери, таблети, мобилни телефони, Сегер укажа дека најголемиот дел од компјутерскиот криминал никогаш не е ни пријавен, ниту евидентиран од страна на органите на прогонот, а само еден процент од пријавените предмети имаат судски епилог.
– Обемот на примери на злоупотреби преку Интернетот, измерен во милијарди евра, пари што во овој миг се реализирааат на ваков или онаков криминален начин низ етерот, укажува на потребата од вклучување на секој поединец во пријавувањето на најразличните обиди за измами, што потоа би резултирало со соодветна и навремена реакција на органите на прогонот, рече тој.
Учесниците на конференцијата единствени во ставот дека очекувањата од овој проект воопшто не се скромни. Идентификувани се реални цели и реални резултати што треба да се постигнат, планирани се конкретни активности преку чија реализација Република Македонија и регионот ќе ги потврдат своите капацитети за справување со компјутерскиот криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст