| четврток, 6 декември 2018 |

Малeчката Јана се уште ја бара: Ја чекам мама, кога ќе се врати?

jelena ubistvo

Петгодишната ќеркичка на убиената пејачка на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), се уште не знае што навистина се случило со нејзината мајка. Баба и Зорица Крсмановиќ (53) и поблиските роднини не сакаат да и ја кажат страшната вистина затоа што сметаат дека се уште е мала.

-Не сме ги тргнале сите слики од Јелена во куќата, па кога ќе ги види, Јана ми вели “Ја чекам мама, кога ќе се врати веќе еднаш?”. Таа е мала, но веќе толку многу време помина што насетува дека нешто не е во ред. Ја штитимие колку што можеме и пред неа никако не зборуваме за убиството, вели Зорица која заедно со својата помлада сестра секој ден ја чуваат Јана.

Таа додала дека неколку месеци пред да се случи убиството скоро и воопшто да не ја видела својата ќерка, затоа што двете биле болни.

-Прво Јана имаше температура скоро две недели, па потоа Јелена крена 40 степени, па затоа не можеа да дојдат кај мене. Јас пак пред тоа бев на зрачење за карциномот кој ми го дијагностицираа. Не стигнавме да се видиме како што треба пред да се случи таа трагедија, изјавила Зорица.

Таа додала дека Јелена не се жалела на проблеми во бракот, ниту за односите во семејството каде била мажена.

-Никогаш не дошла од таму нерасположена. Секогаш беше весела и зборлеста. Спремаше некоја песна со Зоран, но работеше и на други проекти. За многу пејачки направи хитови, но ете за себе не стигна, завршила ожалостената мајка.

Инаку во истрагата за убисвото на Јелена треба повторно ќе биде сослушан нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ (36), кој претходно два пати падна на полиграф. Инаку пејачката беше убиена на втори април во населбата Црвенка во Борча, додека џогирала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top