| четврток, 6 декември 2018 |

„Сеат“ излета од патот, двајца повредени

Две лица се повредени кога патничко моторно возило „сеат толедо“ синоќа излета од пат во кавадаречко.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска истакна дека автомобилот кој го управувал 41- годишен жител на Кавадарци, се движел од Кавадарци кон Мушов Гроб.

– Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, рече Стојковска.

Увид на лице место по овластување на јавен обвинител изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top