Перу го совлада Бразил со 1-0 во директната пресметка за пласман во следната фаза од сеамериканскиот фудбалски шампионат. Со поразот од Перу, Кариоките го завршија учеството на Копа Америка веќе по групната фаза.
На Бразил му беше доволно и реми за сигурен пласман во четвртфиналето и тоа како првопласиран во групата Б, но тимот на Карлос Дунга целосно разочара против Перу, иако на елиминацијата допринесе еден крајно сомнителен гол.
Џелат на Бразил беше Раул Руидиаз, стрелецот на единствениот гол во 75. минута од мечот. На прв поглед, нерегуларен гол. На натпреварот кој одлучуваше која репрезентација заедно со Еквадор ќе оди во следната фаза, златната резерва на Перуанците му побегна на Дани Алвес и даде гол откако најпрво топката го удри во рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст