| четврток, 6 декември 2018 |

Педесет лица убиени во геј-клубот, напаѓачот со авганистанско потекло

Бројот на убиени во пукотниците во геј-клубот во Орландо, Флорида порасна на 50 лица, изјави градоначалникот Бади Дајер. Повредени се 53 лица, јавува „Ројтерс“. Американската полиција овој напад го третира како терористички и се испитува дали напаѓачот, кој е убиен, дејствувал са. ФБИ соопшти дека можно е напаѓачот да бил склон кон исламистички екстремизам. Ова е најтешкамасовна пукотница во САД по бројот на жртви, наведува АФП.

Американските медиуми јавуваат дека напаѓачот е идентификуван. Станува збор за 29-годишниот американски државјанин Омар Садики Матин од Флорида, чии родители се од Авганистан. Тој во себе имал пушка и пиштол и некој вид на уред. Добро бил организиран и подготвен.

Напаѓачот влегол во во латино клубот „Пулс“, кој важи како познато место за забава на припадниците на ЛГБТ заедницата, каде во моментот биле присутни околу 300 лица. Тој еден час ги држел како заложници, по што почнал со нападот.

Напаѓачот е убиен во полициската акција. Во Орландо е прогласена вонредна состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top