Прва мета на тренерот на Арсенал, Арсен Венгер е Џејми Варди, но напаѓачот се двоуми и се поверојатно е дека ќе остане во Лестер.
Доколку Варди не се договори со Арсенал, друга опција на Венгер е Едисон Кавани, кој е дупло поскап, иако има исто години колку и напаѓачот на „лисиците“.
Откупната клаузула на Варди изнесува 20 милиони фунти и Арсенал е подготвен да ја плати таа сума, но Англичанецот нема срце да го напушти клубот кој му овозможи се, поради што е поизгледно неговото останување на стадионот „Кинг пауер“.
Кавани е и повеќе од одлична алтернатива, но проблемот е што ПСЖ сигурно нема да го пушти за малку пари, посебно не откако си замина Златан Ибрахимович.
Кавани во 2013 година дојде од Палермо за 60 милиони евра и ПСЖ бара минимум толку за неговиот трансфер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст