| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалиптична анализа од Запад: Ако се остварат овие мрачни прогнози на Балканот му се заканува целосен хаос!

-Новиот бегалски бран, налик на оној од 90-те повторно го заплисна Балканот.-Ова во авторската анализа го тврди аналитичарот Тимоти Лес, поранешен шеф на британската амбасада во Бања Лука и директор на агенцијата „Нова Европа“ која се занимава со проценка на политичкиот ризик во источна Европа.

Лес наведува дека хаосот ќе почне со отцепувањето на Република Српска, која на референдум ќе се припои кон Србија. Според неговите зборови, такво сценарио силно ќе заговара Русија која со воодушевување ќе го прифати слабеењето на моќта на Западот на Балканот.Тоа, како што тврди Лес ќе покрене домино ефект. Хрватите од Босна би се обиделе тој дел од територијата на која живеат да го отцепат и да го спојат со Хрватска, која во тоа сесрдно би им помогнала.

Албанците во Македонија ќе се побунат и ќе се обидат да отцепат добар дел од земјата. Така проширена Албанија би се припоила кон Косово остварувајќи ја на тој начин долгогодишната цел за создавање на терористичка голема Албанија.

Апокалиптичната анализа на британскиот професор и дипломат не застанува тука. Според неговите зборови просрпското население во Црна Гора кое ја сочинува половина од популацијата на таа земја ќе настојуваат да се спојат со тогаш веќе проширената Србија.

Згора на се, своја шанса за парче земја ќе  гледаат Грција и Бугарија кои би имале пик на остатокот од расцепената Македонија, истакнува Лес.

Русија би го искористиола овој епилог и значително би ја зајакнала својата позиција на Балканот, пред се поради традиционално добрите врски со православните земји како Србија, Црна Гора, Грција па и Бугарија.

Голем проблем би предизвикал раподниот пораст на муслиманскиот екстремизам кој несомнено би привлекол бројни џихадисти од Саудиска Арабија и слични земји, тврди Лес. Имајќи во предвид какви монструозни злосторства џихадистите правеа во деведесетите години, ескалација на насилствата во некои делови од Балканот би била неизбежна.

Такво сценарио само би ја потпалило растечката исламизација на Европа, смета овој Британец.

ЕУ и САД не би го признале ваквното прекројување на границите и секако би вложиле голем труд да не дојде до овој исход. Сепак, смета Лес моќта на Западот дотогаш би опаднала во толкава мера што не би можеле многу нешто да направат.

Можеби новиот балкански поредок нема да се случи утре, но како што бледнее моќта на ЕУ, денот кога ќе почне овој судир се повеќе се доближува, убеден е британскиот професор во точноста на својата мрачна прогноза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top