Прво откажаа Блејк Грифин, Крис Пол, Ентони Дејвис, Џон Вол и Андре Игудала, па пред неколку дена и Стеф Кари и Ла Маркус Олдриџ, а сега селекторот Мајк Кжижевски нема да може да смета на уште двајца НБА кошаркари на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро кои ќе се одржат во август.
Се работи за ѕвездите на Оклахома и Хјустон, Расел Вестбрук и Џејмс Харден кои гo известиле националниот сојуз дека нема да играат во Бразил, наведувајќи ги семејствата како главна причина за откажувањето на настапите на ОИ во Рио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.