Најверојатно не сте слушнале досега за вода од суво грозје, но таа брзо би можела да стане Вашиот омилен пијалок.
Ако строго ја следите оваа лековита процедура која ви ја нудиме, по само 4 дена ќе почувствувате дека варењето ви се подобрува и веќе сте полни со енергија. Суво грозје, односно водата од него ги стимулира сите биохемиски процеси во црниот дроб и помага за детоксикацијата. Сувото грозје е одличен извор на антиоксиданси. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се виновни за појавата на речиси сите онколошки заболувања. Суво грозје е овој лек што е во состојба да направи целосно прочистување на црниот дроб, но во исто време и да го заштити човек од кардиоваскуларни болести.
Како да приготвиме вода од сувото грозје? Потребни се 2 чаши вода (тоа изнесува околу 400 мл.) и 150 гр. суво грозје. Меѓутоа, потребно е да се одлучите за темно суво грозје, бидејќи тие се поприродни. Светлите се најчесто резултат од хемиска обработка. Водата се става на топлина и се чека да зоврие. Потоа се става сувото грозје (добро измиено) и се остава 20 минути да се вари. Прецедете добро ииспијте ја водата. Водата од сувото грозје се пие одеднаш – секогаш на гладно и не помалку од 30 мин. пред појадок. Чистењето треба да трае најмалку 4 дена, но може и до недела. Убаво е да се прави еднаш во месецот, за да се постигнат трајни резултати. Со овој пијалок се стимулира и варењето. Тоа помага за подобра обработка на хранливите материи во стомакот, намалувајќи ги киселините во телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст