| четврток, 6 декември 2018 |

Планета на судири: Само десет земји во светот не војуваат

svajcarija

Само 10 земји во светот во моментов не учествуваат во нитуе оеден конфликт, покажува студијата на 10-годишниот индекс на глобален мир, во која се констатира дека во последните 10 години човештвото никогаш не било подалеку од мир во светот.

Судејќи според авторите на оваа студија светот станува се поопасно место за живот, а само Швајцарија, Боцвана, Чиле, Костарика, Уругвај, Виетнам, Катар, Маврициус и Јапонија во минатите 10 години не учествувале во ниту еден конфликт.

Влошувањето на сосотојбата на Блискиот Исток, недостаток на решенија за бегалската криза и зголемен број на смртни изходи предизвикани од терористилки напади се причина 2016 година да биде значително помалку мирна од претходните, сенаведува во студијата на Институтот за економија и мир, пренесува лондонски Индепендент.

Индексот покажува дека 81 земја станала помирна во однос на минатата година, но во 79 ситуацијата се влошила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top