| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ побарал автограм и почнал да пука: Кристина Грими убиена на настап пред полна сала

Синоќа во Орландо се случи незапаметена трагедија кога умоболен фан, после концертот и се доближил на младата пејачка Кристина Грими (22) и ја застрелал со пиштол!
По настапот, несреќната Кристина се симнала од бината и почнала да дели автограми… во еден момент и се доближил маж, чие име не е соопштено, побарал автограм, па потоа извадил два пиштоли и со неколку истрели ја застрелал пејачката, а потоа се самоубил.
Засега не се познати мотивите на ова страшно убиство.
Дваесет и двегодишната пејачка настапи во шестата сезона на Воис во 2014 година и го освои третото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top