| четврток, 6 декември 2018 |

Фритезата деактивирана, Берлин спасен: Европа дува и на маштеница

berlin bomba friteza

Белгиската полиција утврдила дека предметот кој предизвикал паника не е експлозивна направа туку фритеза која била оставена од несовесен граѓанин

Една од најфреквентните локации во главниот град на Германија синоќа беше блокирана од полицијата откако предходно сите граѓани и туристи беа евакуирани, а прекинати беа и сите сообраќајни линии кои водат преку тој дел од градот.

Иако локалните медиуми јавија дека причина за преземените полициски мерки на плоштадот Акександарплац се должат на поставена бомба во близина на владини институции, сепак полицијата утврдила дека предметот кој предизвикал паника не е експлозивна направа туку фритеза која била оставена од несовесен граѓанин.

Фритезата е уништена во контролирана експлозија на единицата на берлинската полиција за борба против тероризам.

friteza berlin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top